Овошен расадник

Опитно Поле – ФЗНХ

 

Овошен расадник на Опитно поле ФЗНХ е регистриран производител во УПРАВАТА ЗА СЕМЕ И САДЕН МАТЕРИЈАЛ за семепроизводство и расадничко производство. Постојано се следи состојбата и трендот на технологијата на производство на високо квалитетен саден материјал од овошни растенија во соработка со експерти од Катедрите на ФЗНХ од Скопје чие знаење и искуство го користиме при реализацијата на нашите активности и програми.

Опитно поле е единствен репроцентар во расадничкото производство во Македонија. Најголем дел од производителите на саден овошен материјал, калем гранки и подлоги за истите ги набавуваат од нашиот овошен расадник од причина што се сигурни во квалитетот и здравствената состојба на истиот. Во последната година се повеќе се зголемува интересот за користење на наши сорти и наш посадочен материјал при што овој податок претставува поттик за се поквалитетно производство.

Имајќи ја во предвид состојбата во оваа област во Република Македонија. значењето на семе и саден материјал, неговата сортна автентичност и здравствена состојба неопходно се поставува потребата од зголемување на производство на семе и саден материјал.
Во овоштарството и поледелството садниот материјал претставува првата и можеби најважна алка за рентабилно овоштарско производство.

Овошен Расадник