Орев Чендлер
Производство на јаткасти плодови поточно орев е исплатлив агробизнис, кој со себе носи големи предизвици.
За подетлано да го доближиме производство на орев, односно производство на орев од сортата Чендлер ја посетивме Р.Турција и сета посета ја прикажуваме во овој пост.
Нашата посета во Турција беше прикажана во повеќе емисии во земјоделската емисија Бразди која ја се емитува на ТВ каналот КАНАЛ 5.
Се посетија повеќегодишни насади со орев Чендлер, каде се опфатени сите услови за правилна припрема на теренот пред подигање, подигање на насадот и одржување.

Во следниот линк Ви ги опишуваме сите потребни работи кој треба да се анализираат и извршат пред подигање на ореови насади, опфатени се следниве:
-Избор на локација – климатски услови
-Педолошката анализа на почва ( ораничниот слој на почвата, pH на почвата )
-Подготовка на терен ( ригололовање, хумификација и сл.)
-Избор на квалитет саден материјал
-Садење
-Распоред на редови, распоред на опрашувачи и сл.
-Опреации кои се извршуваат после садење
Бразди – 16.06.2019 – Посета на Насад со Ореви во Турција

Квалтет саден материјал од Орев сорта Чендлер е исто така важна работа при подигање на насад, ние како Факултет многу внимаваме садниот материјал да се одговара на пропишаните норми и декларации. Во следниот пост информираме за некои позначајни штетници кои може да се појаваат во насад од орев. Производството на Орев не опфаќа само обработка на почва и садење, треба да се посвети внимание околку заштита од болести и штетници.
Бразди – 23.06.2019 Посета на насад со орев во Турција

Саднициот материјал – квалитетот како и сортна чистота се важен фактор при подигање на насадот, при посетата во Турција внимание посветивме и на Садниот материјал, на следниот линк е прижанан расадник во Турција со ореви, како и ја прикажавме улогата и целата на Факултетот во земјоделското производство.
Исто така во Турција на постари стебла од орев други сорти вршат прекалеување со сорта Чендлер – која практиката им покажала дека е попродуктивна.
Саден материјал од орев – Брадзи 30.06.2019 – Посета на Расадници во Турција

Опитно Поле ФЗНХ во склоп на Факултетот за земјоделски науки и храна започна со калемење на орев Чендлер и во Македонија, поради тоа се организираат посетите во Турција.
Нашата цел не е само продажба на саден материјал, туку и помош на земјделците за правилна припрема на почвата, садење и одгледување, бидејќи подигање и одгледување на насад е инвестиција во која во првите 4 години се вложуваат само средства, а добивката би се реализирала само доколку правилно се одгледува насадот. Нашиот тим агрономи им дава совети, нашата цел е што повеќе да има успешни насади.

Плодови од орев Сорта Чендлер

Садници во текот на вегетација

Стебло од орев старост 9 години