Подлоги за калeмење

Месец Февруари е месец на активности во овоштарството како за садење така и за припрема на подлоги за калемење.Во текот на цела сезона на продажба поголем број од земјоделците бараат овошен вид калемен на подлоги кои не се толку застапени и од таа причина пожелно е при планирано производство претходно со производителот на сертифициран саден материјал од овошни култруи да се договорат.

Ние како Опитно поле во состав на Факултетот за земјоделски науки и храна ги произведуваме и одржуваме сите подлоги како генеративни така и вегетативни. доколку некој од земјоделците планира интензивен насад со слабобујни,бујни подлоги треба сега до 15 февруари да се јават и спрема нивните потреби –со договорно производство ке се врши калемењето.

Детално ќе ги објасниме некои поважни подлоги за овошните видови.
Саден материјал од јаболко

Садниот материјал од јаболко се разножува со вегетативни подлоги, во понатаомшен текст и појаснување за нив.
1.Џуџести подлоги – М27, М 8, М 9 и М26
2.Полуџуџести – М7 и ММ106
3.Среднобујни- М2, ММ111 и ММ104
4.Бујни подлоги- М16 ,ММ109

Саден материјал од бадем и праска
Бадемот може да се размножува генеративно и вегетативно. Вегетативно бадемот може да се произведе од подлога GF677, додека геберативно може да се размножува од горчлив бадем, обичен бадем и праска. Истите подлоги за бадем може да се произведе и праска.

Саден материјал од круша, мушмула и дуња
Крушата може да се произведе вегетативно од подлога Дуња и генеративно од семе од дива круша. На подлогите од круша успешно може да се одгледуваат и мушмула и дуња.

Саден материјал од слива и кајсија
Сливата може да се користи генеративно до семе од Слива Џанка, но вегетативно може да се поризведе од подлога Мираболана, Истите подлоги може да се користат и производство на саден материјал.

Саден материјал од цреша и вишна
Вишната и црешата може да се произведат генеративно од семе од дива цреша и магрива, како и вегетативна подлога од обична вишна. За интензивни насади може да се користи и подлога Гизела 4 – за вегетативно размножување.

Производство на саден материјал е повеќегодишен процес на производство и многу значаен за понатаамошното произвоство на овошје. Ние како агрономи нудуиме стучен совет за понатаошно производтво, нудиме совети за правилно подигање на насадот и одржување, заштита резидба и слна сите нашите потрошувачи.