Arbequina

Цена: 700,00ден.

Опис

Сорта на маслинка која е самоооплодна. Слабо до средно бујно дрво, со компактна крошна и добра разгранетост. Погодна е за интензивни и суперинтензивни насади со поголема густина на садење. Цветање: Најчесто во мај, зависно од климатските услови и местоположбата.

Родност: Рано стапува во род, често во втората или третата година по садењето. Се одликува со висока и релативно редовна родност при соодветна нега.

Време на зреење: Рана до средно рана сорта. Во северната хемисфера бербата за производство на масло најчесто се врши од октомври до декември, зависно од климатските услови и посакуваната зрелост.

Отпорност на студ: Релативно добра за маслинка, но не е отпорна на силни и долготрајни зимски мразеви. Особено се чувствителни младите садници. Отпорност на болести: Може да биде чувствителна на пауново око (Spilocaea oleagina), особено во влажни услови.