Венус

Цена: 250,00ден.

Опис

Потекло: Сорта нектарина со италијанско потекло, позната по крупните плодови и добрата родност.

Време на зреење: Средина на август, најчесто од 15 до 25 август, зависно од климатските услови.

Плод: Крупен до многу крупен, најчесто околу 200 g, со округлеста до благо издолжена форма. Покожицата е мазна, сјајна, со интензивна црвена боја.

Месо: Жолто, цврсто, сочно, многу слатко и ароматично, со одличен вкус.

Коска: Лесно се одвојува од месото кај зрели плодови.

Раст: Средно бујно до бујно дрво, со добро развиена крошна.

Родност: Рано стапува во род и се одликува со висока, редовна и обилна родност.

Опрашување: Самооплодна сорта, не бара дополнителни опрашувачи.