САДНИЦИ ОД ФСТАК – може успешно да се одгледуваат во нашето поднебје.

ОПИТНО ПОЛЕ во состав на Факултетот за земјоделски науки и храна,Скопје почна со договори за нарачки за садници – Фстаци за садната сезона 2018/2019 година.
Фстакот е дрвенеста култура која припаѓа на фамилијата (Anacardiaceae) и е листопадна култура со ниско стебло и успева во потопли региони. Висината на стеблото е до 10m и животен век од 100 години ,цвета во текот на месец март пред листањето .Цветовите се ситни, коренот е разгранет и навлегува во почвата до 7m длабочина, плододте коскест долг 1 до 2 cm и широк 2cm и кората пука во текот на созревањето .
УСЛОВИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ
Не е осетлив на ниски температури што значи издржува температурни разлики од -30 °C дo + 42 °C и се одгледува на терени до 1.200 m n/v. Во однос на почвата не е пребирлива култура а погодна е и на длабока и глинена почва бидејќи коренот навлегува длабоко во почвата.
ВРЕМЕ НА САДЕЊЕ – идеално време на садење е есен, или пак рана пролет со услови за наводнување.
Потребни се машки- за оплодување на женските растенија, кои даваат плодови.
Првиот принос го дава од 5-та година ( кога е одкалемен садник ) а ако е од семка после 10 година.
Бербата е од јули до август.
Во полна родност едно стебло дава до 50 kg (30 kg без лушпа).
Покрај бројните предности, фстакот (Pistacia Vera) ретко се сади дури и во македонските домаќинства, според тврдењата на проф. д-р Борис Ристевски, еден од најценетите македонски научни работници во овоштарството. Како на овие простори, така и во светот оваа овошка е дефицитарна и покрај тоа што е украс на градината и е значително поотпорна на суша од другите култури.
Фастакот спаѓа во групата на јужни суптропски овошја, но според д-р Ристевски, како резултат на пoголемата отпорност на мраз, може да се преобрази во топлољубиво долговечно континентално растение.
Еден од доказите за долговечноста се наоѓа во паркот на Земјоделскиот факултет во Скопје. Во далечната 1970 година на подлогите на Pistacia Terebintus (смрдливка) – див вид на фстаци кој опстојува во Македонија, окалемени се десетици гранчиња на Pistacia Vera. Овие овошки се развија и раѓаат веќе четириесет години, издржувајќи на температури и од 26 степени под нулата.
Од Иран, Турција, Сирија и некои земји од Медитеранот, каде што се одгледува на плантажи, фстакот е донесен во Европа.


Плодовите се ситни со бели тврди семки кои пукаат при созревање и го ослободуваат мошне вкусното зелено јадрo.
Фстакот се вбројува во најскапите и најквалитетни јаткасти овошја.


Сепак, малку се плантажите во светот кои со лесен транспорт и висока цена го поттикнуваат садењето во Грција, Калифорнија, САД итн. Големата отпорност на суши овозможува да се одгледува во подрачја во кои просечното количество на дождови во текот на годината изнесува дури 20-30 милиметри.
Веќе во првата година, главниот корен продира во тлото до метар и половина, а по повеќе години и до 25 метри. Инаку, добивањето на садници од семето не е комплицирано. Семињата од диви фстаци се сеат на постојано место и по година до две се калеми благородната сорта.
Фстакот е двополово растение има и машки и женски единки. Се садат десет женски и едно машко. Некогаш меѓуредовото растојание изнесувало 10-15 метри, додека денес тоа е шест метри на плантажите во светот, а растојанието помеѓу овошките во редот изнесува 2-3 метри. Во такви густи насади бербата може да изнесува и до шест тона по хектар, под услов редовно да се наводнува. Опрашувањето на фастакот е со ветер.
Како резултат на значителната отпорност на суши, успева на земјишта на кои не расте дури ни плевелот. Може да се сади и во викенд-зоните затоа што не бара заштита и наводнување, а го украсува просторот.
Листовите му се крупни, со темнозелена боја, а плодовите се групирани во гроздови. Тоа е единствено широколисно дрвенесто растение кое, благодарејќи на смолните канали, ослободува специфичен пријатен мирис. Добар пример за тоа се бројните викенд-населби во околината на Скопје во кои стеблата од питом костен и орев се заменети со фстаци. По само две-три години фстаците ги даваат првите плодови, коишто и покрај сушата и неквалитетното земјиште, добро се развиени.
Постојат повеќе видови на фстаци. Поценети се оние со крупни плодови и поголем процент на распукани лушпи. Во споредба со другите јаткасти плодови содржат помалку масти (55-60%), повеќе белковини (20-26%) и имаат подобар аминокиселински состав.
Фстакот  може да се одгледува во средниот и јужниот дел на Македонија, во карпестите предели на кои ни трева не опстојува.
Во садната сезона 2018/2019 ќе вршиме продажба на калемени садници на фстак.
Договорите за купопродажба на садници веќе се изготвуваат и секој потрошувач што е заинтересен за садење на оваа култура може да не контактира.