Опитно Поле – Факултет за земјоделски науки и храна во соработка со компанијата Cevizce Erdem Fidancilik од областа Бандирма во провинцијата Баликесир од месец декември ќе врши продажба на овошни садници од орев калемен.
СЕКОЈ ПОТРОШУВАЧ КОЈ ЌЕ НАПРАВИ НАРАЧКА НА НАД 100 САДНИЦИ МУ ГАРАНТИРАМЕ ОТКУП НА ПЛОДОВИТЕ, ОТКУПОТ НА ПЛОДОВИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ПРЕКУ РЕГИСТРИРАН ОТКУПУВАЧ – БАЛКАН ВАЛНУТ ДООЕЛ СКОПЈЕ.
Доколку сакате информации од производителот на садници од орев калемен можете да погледенете на нивната web страна –

    http://www.cevizce.com

Производството на садници од орев калемен во Турција е под контрола на Дирекцијата за провинциска земјоделска храна и сточарство и поседуваат сертифакат кој е потврда за квалитет.
Сортите на орев калемен кој се продаваат во нашиот расадник се Чендлер ( американска сорта ) и Фернор ( француска сорта) , како садници кои се странски сорти можат успешно да се одгледуваат во нашата земја. Како сорти се компатибилни ,во исто време цветаат и сортата Фернет се користи како опрашувач на Чендлерот.
Плодови од орев сорта Чендлер

Плодови од орев сорта Фернет

Продажбата на садниот материјал ќе се врши во текот на целата зима заклучно до месец март. Тоа е идеален период за садење , бидејки садниците се во период на мирување.
Пред подигање на насад со орев пожелно е да направите анализа на почвата, врз анализата ние како помош Ви нудиме совет со што треба да биде наѓубрена површината, за успешно подигање на насадот.
Овие сорти од орев може успешно да се одгледуваат на надморска височина до 1.000 метри, бидејќи касно потеруваат, почува да се буди во месец април, а цвета во почеток на мај, се избегнуваат се почестите пролетни ниски температури, кои негативно може да влијаат на растението.
Подигнањето на насад со калемен орев е исплатлива инвестиција бидејќи рано почнуваат да плодоносат. Во текот на 5-6 година едно стебла дава 15-20 кг, во текот на 10-11 години даваат 40- 60 килограми и во полн род во примена на правилни агротехчички и помотехнички мерки даваат помеѓу 80 – 120 килограми плодови.
Практиката во Турција покажува дека иделано е да се одгледуваат на следниве растојанија на садење – 7X5 –при овој начин на садење за еден хектар е потребно 312 садници и при растојание од 8X4 потребно е 285 садници за еден хектар.

Во соработка со комапнијата од Турција и професорите од Факултет за земјоделски науки и храна ќе биде изработена БРОШУРА ЗА ОДГЕДЛУВАЊЕ НА НАСАД СО ОРЕВ КАЛЕМЕН.
Нашата цел е секогаш потрошувачот е на прво место, затоа при купување на садници од орев калемен – сите потрошувачи ќе ја добијат БРОШУРАТА.

Благодарност до сајтот Фактор и до задоволниот потрошувач Г-дин Слаободан Чавироски од Кичево
Линк од сајтот
https://faktor.mk/makedonija-ima-idealni-uslovi-za-kvaliteten-orev–gi-mami-li-cenata-mladite-kon-ovoj-agrobiznis