Овошни садници Слива

Сертифицирани садници од овошен вид слива
За количина над 20 садници испорака по овластени фирми за испорака

Цена: 150,00 ден.

Опис

Плодовите од слива претставуваат квалитетна храна, во свежа состојба имаат 10 до 15% шеќери, а 45% шеќер содржат сувите плодови. Производите може да се користат за повеќе видови на преработки.
Услови за одгледување – Повеќето сорти на слива имаат потреба од поголема количина на топлина и имаат релативно долг вететациски период. Во Македонија сливата успешно се одгледува на надморска височина до 1000 m. При изборот на терен треба да се внимава на влагата во летниот период, доколку воздухот во летниот период е многу сув доаѓа до опаѓање на листот. Сливата за правилен развој бара умерно влажни услови, ако има врнежи во летниот период во текот на месец јули и август, сливата може да се одгледува и без наводнување. Ако пак има многу врнежи во фазата на зреење на плодот, може да се појави монолија на плодот. Во однос на почвените услови сливата може да се одгледува на разни почвени типови, најпогодни се почви со pH на почвата да е 6,5.